Актерот и директор на Драмски Театар, Бранко Ѓорчев почина на педесет годишна возраст. Актерот, кој нешто повеќе од една година се бореше со тешката болест починал околу 4 часот по полноќ. Утре во 11 часот Драмскиот Театар во Скопје ќе биде оддржана комеморација, а роднините и блиските пријатели ќе се простат од него во 13 часот на градските гробишта во Бутел.
Ѓорчев е роден 1962 година. Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Својот работе век го помина во Драмски Театар Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата. Многумина го паметат како Илчо од легендарната „Случки во животот“. Но ќе го паматиме по сите негови достигнувања, особено по неговата последна улога во театарската претстава Хамлет, каде што ја играше улогата на Клаудиј, Кралот на Данска. Во оваа претстава тој само ги потврди неговите големи актерски квалитети.
Тој е добитник на минатогодишната државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година од областа на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.