| четврток, 6 декември 2018 |

Тениската елита викендов на Свети Стефан – ќе се венчаат Новаќ Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ викендов ќе се венчаат на Свети Стефан, кој поради тоа ќе биде затворен.

Пристапот на Свети Стефан ќе биде дозволен само со бродови и само со поседување специјални покани кои младенците веќе ги испратиле до своите гости.

Претходно медиумите пишуваа дека кум ќе биде Енди Мареј, а на свадбата ќе присуствуваат и Јанко Типсаревиќ, Виктор Троицки, Ненад Зимоњиќ, Ана Ивановиќ, Јелена Јанковиќ, Марија Шарапова, Борис Бекер…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top