| четврток, 6 декември 2018 |

Фондацијата „Македоника“ го избра романот „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски за најчитан роман

„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски е избран на годинашната акција „Роман за лето“, која е во функција на ширење и на афирмација на македонската литература. Изборот е направен според  егзактните показатели на Фондацијата „Македоника“, на чијшто сајт „Полицајка в кревет“ е убедливо најчитан роман. На сајтот на Фондацијата (www.makedonika.mk) романот  на Смилевски е целосно и бесплатно достапен. Фондацијата „Македоника“ е најголемата библиотека на македонски јазик, а нејзината цел е негување на македонското културно наследство.

Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје објави две изданија на романот „Полицајка в кревет“, а сега е во подготовка џебна варијанта на делото.

„Полицајка в кревет“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните доживуваат иста судбина – заедно седнуваат на обвинителна клупа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top