По не сосема очекуваниот степен на нестабилно време во средата, четврток ќе настапи со „почиста“ прогностичка ситуација. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Формирање на купеста облачност ќе има над дел од планинските регони, но без изгледи за врнежи.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе има вредност околу 29°С низ населените места во западниот регион. Само малку потопло, за околу 1°С ќе биде во источните краишта. Долж Повардарието температурата на воздухот ќе биде во граница од 31°С до 33°С. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопската котлина ќе преовладува сончево и топло време. Максималната вредност на температурата ќе достигне 32°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.