| четврток, 6 декември 2018 |

Силна бура предизвика хаос во Кочани (ВИДЕО)

Бура што траеше триесетина минути, проследена со пороен дожд и ветер попладнето направи хаотична атмосфера во Кочани. Скоро на сите страни се гледаа откoрнати дрвја и искршени гранки, а улиците се претворија во реки, пренесува локалната телевизија „Канал 8“.

kocani bura

Големиите количини вода носеа се пред себе, а ветерот искина поголем број кабли за телефонски и телевизиски пренос, како и за електрично напојување.

На неколку места во градот поради паднатите дрвја што се препречија на сообраќајниците, во прекин беше и нормалното одвивање на сообраќајот, па возачите бараа алтернативни решенија за да стигнат на целта.

Повеќе на „Канал 8“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top