| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе возврати ако настрадаат заложниците во Ирак

Ahmet-DavutoğluТурција ќе возврати ако тоа биде потребно и ако биде повреден некој од нејзините државјани и дипломати, кои се задржани како заложници од исламистичките борци во северниот ирачки град Мосул, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу .

– Во моментов сме ангажирани со надминување на кризата на мирен начин, имајќи ја предвид безбедноста на нашите граѓани. Тоа не треба погрешно да се разбере. При предизвикување на каква и да било штета за нашите граѓани, ќе биде возвратено со најтешки мерки, рече Давутоглу.

040802_hostage2_hmed_6a.grid-6x2_11197_hostage-iraq-7-9-2004Турското Министерство за надворешни работи потврди дека вкупниот број на турски државјани, кои се киднапирани од исламистите во двата различни напади во Мосул во полседниве два дена, изнесува 80 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top