| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими: Евроинтеграциите остануваат стратешки приоритет

besimi kranjeВицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со директорот во Директоратот за проширување на Европската Комисија, Александра Кас Грање со кого разговарале за заложбите и  достигнувањата на Владата во евроинтегративниот реформски процес, како и на вкупната политичка постизборна состојба во државата.

Бесими истакнал дека евроинтегративниот процес останува стратешки приоритет и на новата Влада на Република Македонија, која е во процес на формирање. Укажал дека Владата ја усвои ревидираната Национална програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА, како поширока национална платформа за процесот на пристапување. Во разговорите посебен акцент е ставен на програмирањето и неодамна усвоената законска рамка од Европската Комисија за  ИПА 2, 2014-2020, вкучувајќи ги и следните чекори за консултации на Рамковната спогодба, чие потпишување е потребно да се заокружи до крајот на 2014 година, со што ќе се овозможи отворање на простор за склучување на поединечните финансиски спогодби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top