| четврток, 6 декември 2018 |

20 уапсени во БиХ, пресечен канал за дрога

hapsenje-inspektori1810Повеќе од 20 луѓе, осомничени за членство во меѓународна група за шверц со дрога, се уапсени денеска во полициска акција во БиХ, организирана од Службата за борба против организиран криминал и корупција на Република Српска.

Обвинителството на БиХ соопшти дека уапсените лица во последните шест месеци редовно пренесувале дрога од Црна Гора кон Бих и Хрватска. Според досега собраните докази, тие пренеле над 100 килограми сканк и големо количество на цигари.

Извршени се претреси во повеќе населени места во Босна и Херцеговина, а во операцијата учествувале и хеликоптери од Република Српска. Одземени се 130 килограми марихуана и различни докази за шверц со дрога.

Истовремено, биле извршени претреси и на територијата на Црна Гора и Хрватска, каде се трага по околу 10 осомничени од групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top