| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Иднината на „Јужен тeк“ не зависи од Србија

juzen-potok1-564x272

Иднината на проектот „Јужен тек“ не зависи од Србија, туку од договорот меѓу Русија и Европската унија, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференција во Берлин.

Како што јави ИТАР-ТАСС, на прашање на новинарите дали Србија ќе продолжи со изградбата на гасоводот на српска територија, Вучиќ одговори дека иднината ќе покаже дали овој проект е реален.

Тој нагласи дека Србија се наоѓа во „специфична положба“, бидејќи рускиот „Гаспром“ е сопственик на контролниот пакет акции на српската нафтена компанија НИС.

– Ние ќе се стремиме да ги заштитиме српските интереси, но тоа зависи и од интересите на Европа, рече српскиот премиер.

Вучиќ во понеделникот изјави дека Србија не ја одложила изградбата на гасоводот „Јужен тек“, дека „засега се се одвива според планираното“ и дека само српската Влада може да донесе поинаква одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top