| четврток, 6 декември 2018 |

Домашните компании добиваат нов квалитет со помош на странските експерти

ditrih

Јохан Дитрих е експерт со 40-годишно искуство во неколку високотехнолошки големи компании во Германија од информатичката технологија во областите како авиоиндустријата, информациски системи, автомобилска индустрија и логистика. Исто така, Дитрих е експерт и со интернационално искуство во други држави, како Романија, Чешка, Словачка, Полска, Кина…

дитрих

Дитрих доаѓа во втора посета на ИТ комапнија од Скопје, „Инфинит солушнс“ преку СЕС организацијата од Бон, Германија во рамки на проектот на Владата на РМ за ангажирање странски експерти во домашни компании со цел подобрување на нивните деловни процеси и зголемување на капацитетите за излез на странски пазари и зголемување на конкурентноста, а со тоа и на можностите за отворање на нови работни места.

Дитрих во интервју за „Курир“ говори за искуството од првата посета на „Инфинит солушнс“, неговите совети до компанијата, нивното прифаќање и спроведување, за македонската ИТ индустрија и ИТ пазар и неговите впечатоци генерално за нашата земја.

1. Која е причината за Вашата втора посета на компанијата „Инфинит солушнс“?

За време на првата посета во март 2014 дадов неколку препораки со цел подобрување на одредени процеси и активности на компанијата кои беше договорено истите да се спроведат и сега сум тука повторно за да ги анализираме заедно резултатите од имплементацијата. Во меѓувреме останавме во комуникација со директорот и менаџерскиот тим на Инфинит Солушнс и отворивме уште неколку дополнителни прашања кои ги засегаат и им се значајни за понатамошниот развој на компанијата, а се однесуваат на процесите на управување што треба да се постават во иднина за успешен развој.

2. Кое е Вашето искуство од првата посета на компанијата?

Искуството од првата посета беше многу позитивно бидејќи и менаџментот и вработените на компанијата со посебно внимание и посветеност учествуваа во сите заеднички средби и разговори, покажаа отвореност, заинтересираност и подготвеност да се соочат со актуелните и новите аспекти и области на менаџмент што е потребно да се имплементираат. Препораките што ги дадов, веќе компанијата процени и усвои и имплементира некои од нив, а другиот дел се во процес на спроведување.

дитрих 2

3. Кои се некои од советите што им ги дадовте на „Инфинит солушнс“?

Првиот генерален совет и насока се однесуваше на делегирањето на одговорностите од повисоките нивоа на менаџмент на пониските нивоа во хиерархијата, како и до секој еден вработен . А другата генерална препорака се однесуваше понатамошно продолжување на интернационализацијата и проширувањето на меѓународната соработка на Инфинит.

4. Дали во „Инфинит солушнс“ беа отворени за Вашите насоки и совети, дали некои од нив веќе се прифатени и спроведени?

Апсолутно, и прифатени се и се спроведуваат. Имено, главните совети и препораки се веќе се спроведуваат, некои од останатите се веќе спроведени, а започнато е да се работи и на покомплексните прашања, кои поради нивната природа, ќе биде потребна една година за да се реализираат.

5. Кое е Вашето мислење за потенцијалот на македонската информатичка индустрија и пазар?

Што се однесува до ИНФИНИТ СОЛУШНС, компанијата има квалификувано раководство, многу посветен персонал и се приемчиви за ставовите на искусните консултанти од областа.

6. Дали ќе продолжи соработката во иднина?

Да, ако има можност секако.

7. Како ѝ помогнавте на компанијата?

Верувам дека успеав да и помогнам на компанијата преку несебично пренесување на моето 40-годишно искуство посебно на следните полиња: корпоративно управување, човечки ресурси, организација на компанијата, маркетинг и продажба. Водевме различни дискусии на конкретни теми со цел изнаоѓање на соодветни решенија.

8. Дали би сакале да додадете уште нешто поврзано со овој проект?

Би сакал да истакнам дека наидов на исклучителна гостопримливиост од страна на компанијата, вклучувајќи ја и совршената организација на административните прашања од аспект на сместувањето, поддршката на терен и слично. Во компанијата владее позитивен однос за промени и подготвеност за учење и унапредување на веќе постојните квалификации и поставената основа.

9. Кои се Вашите впечатоци генерално со Македонија?

Македонците се многу пријателски и исклучително гостопримлив народ. Постои добра инфраструктура во Скопје и околината, како и изненадувачки одличен квалитет на живот, но не би можел да дадам оценка за цела држава бидејќи немав прилика да патувам и до други градови. Личен впечаток ми е дека Македонија е подготвена за ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top