| четврток, 6 декември 2018 |

Швеѓаните го препознаа квалитетот, Јелена Антиќ со двојна награда

jelena antic

Македонската кошаркарска интернационалка Јелена Антиќ игра една од најдобрите сезони во дресот на Лулеа во Шведска, а потврда за тоа стигна откако се закити со две индивидуални признанија.

Антиќ е прогласена за најдобро крило во лигата на Шведска, а исто така ја доби и наградата за најголемо откритие во тамошната лига. Притоа Јелена со Лулеа се избори за финале од шведското првенство и со тоа се стекна со можност да стигне до шампионската титула.

Овие две награди не се изненадување, ако се знае дека неодамна оствари неверојатен „трипл-дабл“, кој не само во Шведска, одекна и пошироко во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top