
Ако сакате да ослабите, напијте се чаша минерална вода. Според новото истражување објавено во магазинот „Обесити“, природната минерална вода е идеална напивка во борба против вишокот килограми.
Истражувањето опфати 300 луѓе што држеле диета и кои до тогаш пиеле газирана вода секој ден, а во просек имале околу 90 кг (поединечно). Оваа група на стартот на истражувањето била поделена во две групи.
На едната група ѝ е наложено да продолжи да пие газирана вода, а на другата тоа право ѝ е одземено. На крајот од студијата (по 12 недели), групата што се откажала од минерална вода изгубила 4 килограми, а првата група што продолжила да пие успеала да симне два килограма повеќе, односно шест! Се поставува прашањето дали минералната вода е чудотворна напивка што симнува килограми?
Според нутриционистите, групата што продолжила да пие газирана вода имала континуитет бидејќи и до тогаш пиела и можела полесно да ја апсорбира храната, а другата група доживеала шок во организмот (бидејќи морала да ја прекине својата секојдневна рутина) што резултирало со стрес што влијаел на нивото на хормони и шеќер во крвта, па со самото тоа и се забавило слабеењето.
Без оглед на резултатите на оваа студија, се уште никој не може со сигурност да тврди дека природната минерална вода е моќна напивка во борба пртив килограмите.
Извор: cosmopolitan.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


