| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски бара отштета од 80.000 евра од СДСМ

Лидерот на ГРОМ и прв човек на општина Карпош, Стевче Јакимовски, поднел тужба против координаторката на советничката група на СДСМ, Магдалена Несторовска, и коалициските партнери. Уште две тужби се поднесени, една од фирмата, што ја набавила спортската опрема и другата од општина Карпош, со што се бара вкупна оштета од 80.000 евра, соопштуваат од СДСМ.

LIDERI-5-Stevce-Jakimovski

– До каде одат апсурдите на владеењето на Никола Груевски, покажува потегот на неговиот коалициски партнер во општината Карпош, Стевчо Јакимовски. За прес- конференциите на СДСМ дека Јакимовски, со фирма блиска до власта на Груевски, договорил тендери тешки околу 120.000 евра за набавка на спортски гаќи, за што постојат официјални документи на страницата на Бирото за јавни набавки, поднесени се три тужби. Од координаторката на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери, Магдалена Несторовска, се бара отштета од 80.000 евра – стои во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, една од тужбите е од градоначалникот на Карпош, кој се жали дека Несторовска со прес-конференциите за набавката на спортските гаќи му ги нарушила угледот и честа.

– Јакимовски тврди дека поради пресовите за спортските гаќи, партијата ГРОМ на Јакимовски загубила на изборите во Карпош?! За тоа Јакимовски прво ја проценил штетата во 50 илјади евра, а потоа дополнително се  пресметал и бара оштета од 30.000 евра. Другите две тужби се од фирмата од којашто е набавена спортската опрема, за што постојат официјални документи – договори, а третата е од самата општина Карпош, со којашто Јакимовски решил да се идентификува – велат од најголемата опозициска партија.

Тие им порачуваат на Јакимовски и на неговиот партнер Груевски, дека опозицијата е цврсто решена да ги открие сите неразумни трошења пари на граѓаните, како и криминалите на власта, и тоа нивните тужби не можат да го спречат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top