| четврток, 6 декември 2018 |

Кирe Лазаров против своите репрезентативни другари во Скопје?

Голема е можноста македонската публика да го гледа капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров, во клупски дрес во Скопје, доколку во ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите во ракомет, македонскиот првак Металург го добие за противник Атлетико Мадрид.
Нашиот шампион денеска и формално го освои второто место во групата Ц, откако Киелце победи против Горење во Словенија со 29:25.
Потенцијални ривали на Металург во осминафиналето, покрај Атлетико Мадрид се уште две третопласирани екипи. Тоа се Чеховски Медведи од А групата и Динамо Минск  од Д групата.
Првиот осминафинален меч, Металург сигурно ќе го игра на гостински терен, а реваншот против било кој од трите можни противници, е во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top