Вил Ферел и Чед Смит
Сличноста помеѓу познатиот комичар Вил Фарел и Чед Смит, тапанар во „Ред хот чили пеперс“ е застрашувачка. Тие двајцата станаа попознати токму поради неверојатната сличност
Даниел Деј Луис и Џенифер Конели
Славните актери Даниел Деј Луис и Џенифер Конели ги поврзува единствено тоа што обајцата имаат добиено Оскар, но и тоа што неверојатно личат еден на друг. Идентична боја на очи, сличен нос и облик на усните, ги вброја на листата на холивудски близнаци.
Џефри Дин Морган и Хавиер Бардем
Актерот Џефри Дин Морган нема шпанско потекло и нема јак акцент кога зборува на англиски, но неверојатно личи на својот колега Хавиер Бардем.
Џордин Спаркс и Америка Ферера
Верувале или не, Америка Ферера има 30 гоидни, но изгледа како да е на почетокот на дваесетите. Затоа би требало да и лакса што често ја споредуваат со седум години понладата пеачка, Џордин Спаркс
Роселин Санчез и Никол Шерцингер
Двете се преубави, познати и многу личат една на друга. Иако е Роселин вистинска права латино дива, а Никол води порекло од Хавите, сличноста меќу нив е неверојатна.
Кети Пери и Зои Дешанел
Двете се неверојатно слични. Младата актерка Зои дури раскажувала дека и приоѓале на улица да се сликаат со неа, мислејќи дека е Кети Пери. Темната коса и продорните сини очи за овие дами е добитна комбинација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








