Во оваа драмска телевизиска серија беше прикажана приказната за Али Риза, неговата сопруга Хајрие и нивните деца воспитувани во патријархален дух во мала средина, кои еден ден ќе се преселат во модерниот Истанбул. Поради модерниот начин на живот и економската нестабилност, ќе се соочат со многу проблеми.
Сигруно многу добро се сеќавате на ликовите, кои често пати будеа тага, но и насмевки на нашите лица. Оттогаш е поминато доста време, па и Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар и другите денес изгледаат поинаку.
Халил Ергун (Али Риза) е еден од најпознатите актери во Турција. Од завршувањето на серијата до денес е поминато доста време, меѓутоа нема некоја голема промена кај него, очигледно животот му годи.
Ѓувен Хокна (Хајрие) симпатичмата сопруга на Али Риза која постојано не смееше и развеселуваше.
Бени Јилдирмлар (Фикрет) беше највозрасната, која се грижеше за семејните вредности и чија цел беше да ги изведе своите помали сестри на вистински пат.
Хасан Кучукчетин (Шефкет) единствениот син во семејството Текин, кој помина низ многубројни незгоди и проблеми во животот поради својата злобна сопруга Ферхунде.
Дениз Чакар (Ферхунде) ни е многу добро позната, бидејќо освен во „Лисјата паѓаат“, ја гледавме уште во неколку мега популарни серии. Сите се навикнавме на нејзините интриги и проблеми кои им ги донесе на семејството Текин.
Фахрие Евџен (Неџла) денес е мажена со популарниот „Бали-бег“, а во серијата беше вљубена во Огуз.
Ѓокче Бахадир (Лејла) психички нестабилна личност која постојано се расправеше со сестра си Неџла.
Толга Карел (Огуз) беше еден од најголемите проблеми за семејството Текин, тој беше причина за расправија помеѓу двете сестри бидејќи беа заљубени во него.
Ѓулер Октан (Џеверие) Нема некој што не се сеќава на свекрвата на Фикрет, Џеврие. Иако на моменти делуваше злобно, сепак постојано не смееше со шегите кои ги кажуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.