| четврток, 6 декември 2018 |

На уличен свирач по грешка му дал 500 евра, наместо 50 динари

Ulicni svirac_1402481259_670x0

Драма со хепиенд во Белград. Белграѓанин стар околу 30 години по грешка на уличниот свирач Радислав Јовановиќ(90) во кутијата за прилози му уфрлил 500 евра, наместо 50 динари.

Тој, пишуваат „Наше новине“, се збунил поради сличната боја на двете новчаници.

Сепак, кога по 20 минути се вратил, трчајќи како без душа, во кутијата го пронашол најголемиот апоен во евра.
Случајниот дародавател го затекнал Раде на истото место, иако од моменот кога ја уфрлил новачницата во кутијата, поминале 20 минути.
– Никогаш не би ги задражал парите за себе, бидеќи едноставно не биле наменети за мене. Јас го прифаќам само она што ми е дарено од срце. Тој дотрча и веднаш ми рече сдека случајно ја уфрлил таа вредна новчаница. Јас ја побарав и лесно ја здогледав. Веднаш му ја вартив – раскажал уличниот свирач.
На човекот кој по грешка ги уфрлил парите му паднал камен од срце, а својата грешка ја забележал кога сакал да ја размени новчаницата од 500 евра.
– Баш се израдува. Пред тоа изгледаше како шлог да го удрил- опишува Радислав. Кога ја добил назад својата новчаница, човекот на Раде му дал 250 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top