Само подморница робот може да ги поврати природните мрестилишта на пастрмката пренесува денеска порталот ohridnews.com
За потребите на вештачкиот мрест на ендемската охридска пастрмка до овој момент се собрани 1,7 милиони зрна икра, што е за 40 отсто повеќе од минатата година. Тоа според одговорните во Хидробиолошкиот завод -ХБЗ Охрид, се должи на зголемената физичка заштита на езерото од страна на концесионерот.
-Кога ќе има стопан кој се грижи за рибниот фонд ефектот ќе биде подобар. Тоа се покажа на дело дека физичкото обезбедување е многу подобро од минатото и не само за пастрмката, тоа ќе продолжи за сите видови риба.-изјави Зоран Спиркоски од ХБЗ Охрид.
повеќе на http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=52088
фото: inpres.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


