Oдлуките кои што се донесени од ОО за исклучување на повеќе членови од СДСМ е нелегитимна и нестатутарна. Нелегитнима е затоа што е донесена на седница на ИО без кворум. Не статутарна е затоa што не се почитувани претходните процедури пред носење на одлуката предвидени со статутот на партијата. Ние знаеме дека таквите дејствија во ОО се одвиваат заради наредбата која до неа е со писмен допис потпишана и доставена од генералниот секретар Андреј Петров – изјави денес сега веќе поранешен член на СДСМ и кандидат за градоначалник на Ресен, димитар Бузлевски.
Тој додава дека поради тие причини можат да ја сфатат и постапката на неколкумина сурогат членови од СДСМ од Ресен кои повторно ги извршувале и повторно ќе ги извршуваат поставените задачи од Скопје.
-Тие поинаку не можат а друго и не знаат. Но не можеме да поверуваме дека до толку е забеган врвот на партијата. Како е можно да не ја гледаат реалноста во Ресен? Или пак ја гледаат, а не ја прифаќаат, затоа што ја сметаат за опасна за нивните сегашни функции. Во Ресен СДСМ е силен и масовен како во најдобрите времиња. Има само една промена. Членството е на нова адреса, на таа адреса се и симпатизерите, во зградата на Општинскиот комитет останаа дваесетина кои се трудат да глумат доследност, заради тоа им пропадна работното лето, акцијата од врата на врата, а пропаѓа и отпорот. На нас во Ресен јасна ни е ситацијата, но вие во Скопје сте во свој филм и уживајте во него. Затоа ви порачуваме да не оставите на мира, за разлика од вас во Скопје ние имаме цел, а целта е да граѓаните од Преспа предводени од СДСМ да остварат обнова. Вие во Скопје или не знаете како или пак не сакате. Ние во Ресен сакаме затоа што за нас се работи а не за вас. Залудни ви се напорите и наредбите во дописот за бојкот, залудни ви се и телефонските закани до членовите на СДСМ во Ресен – додаде Бузлевски.
Тој нагласи дека членовите во Ресен имаат заедничка потреба – Обнова.
-Вашата лична потреба не значи и спас на државата како што вашите одлуки ги објаснувате тие знаат дека сето тоа е замајување на јавноста, за тоа и за два сати дадоа свои потписи. Која е ваша следна постапка? И сите нив ќе ги исклучите? На крај со кого ќе останете? Ние во Ресен СДСМ го вративме на тој што е, на членството. Тоа одлучув заедно со граѓаните на Преспа отпорот со шетање без цел, герила или нешто трето да го замени со избори и победа, тоа е демократија. Демократија е и да не ги прифатиме вашите одлуки за исклучување ода партија. Нашата партија не е ваша своина, колку е ваша толку е и наша – констатира Буслевски.
Остануваме тоа што сме иако не знаеме дали вие сте тоа што сте биле. Го прифаќаме тоа, но има и друга разлика. Нашата демократска борба има цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.