| четврток, 6 декември 2018 |

Белград во филмот на Пирс Броснан (ВИДЕО)

Излезе првото рекламно видео за новиот акционен филм со Пирс Броснан кој пред една година се снимаше на локации низ главниот српски град и низ Црна Гора.

Калемегдан, белградските улици и кафулиња, видеото само накратко опишува што се ќе може да препознаеме гледајќи го филмот.

Во „Ноемвриски човек“ покрај Броснан игра и руската убавица Олга Кириленко, додека помали улоги добија и српските актери Лазар Ристовски и Драган Маринковиќ.

Филмот е базиран врз романот на Бил Грејнџер, а во него Броснан глуми пензиониран агент на ЦИА.

pierce brosnan

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top