Лулзим Душку, брат на 21-годишната Фатмира Душку, по природа е многу тивок, но зборувал многу убедливо. Тешко му е зборува за катастрофата која се случила, но одлучил да биде првиот кој ќе положи цвет на гробот на својата сестра, која премногу ја сакал.
– Тато ја праша кој е татко на нејзиното дете. Фатмира не сакаше да каже. Тој никогаш не ја тепаше. За жал, ние не бевме дома кога се случило ова злосторство – вели Лулзим.
Тој изјавил дека му простил на својот татко. Запрашан зошто не плаче и дали чувствува болка поради загубата на својата сестра, тој одговорил:
– Јас плачам, но кога сум внатре во куќата, кога не ме гледа селото.
Инаку, убиството на Фатмира Душку и бебето кое го носела ги вознемирило сите жители на Слатине, но и пошироката албанска јавност. Три дена по случката, Доксан Душку не се кае за тоа што го направил.
– Не се каам за убиството. Ја убив за да ја зачувам честа на семејството – изјавил пред властите на селото Слатина.
Таткото убиец бил префрлен во Тирана, а денес се очекува судот да го обвини за тешкото кривично дело, пренесуваат балканските медиуми.
Неговиот случај ќе го води суд за тешки кривични дела, бидејќи кривичните дела внатре во семејството се во надлежноста на овој суд.
Откривањето на бременоста предизвикало потрес кај семејството. Нејзиниот татко и брат барале од неа каже кој е таткото на детето, но таа молчела. Во околу 1 часот минатата среда, Доксан земал автомат и го вперил во својата ќерка. Според полицијата, девојката се обидела да избега. Кога излегувала од вратата, била убиена со 8 куршуми во грбот.
Семејството се обидувало да го прикрие злосторството. Тие истиот ден се обиделе да ја погребат девојката, но ги спречила полицијата.
Нејзиниот татко веднаш ја преземал одговорноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



