| четврток, 6 декември 2018 |

Еден ученик убиен во напад во средно училиште во САД

police

Еден ученик е убиен, а напаѓачот, кој денеска пукаше во средното училиште во Орегон е мртов, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата е ставена под контрола.
Полицијата претходно доби информации дека во средното училиште во Рејнолдс во близина на Портланд се слушаат пукотници и ја опколи зградата.
Телевизиските станици прикажаа снимки, на кои децата со рацете кренати над главата излегуваат од училиштето.
Учениците, кои се наоѓале во зградата, за тоа што е случува преку СМС ги информирале своите родители, кои потоа по совет на полицијата, се собрале на околниот паркинг, каде се состанаа со своите деца кои во меѓувреме беа евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top