Ако пред три четири години цената го достигна максимумот од 110 денари, таа сега е двојно пониска и е на ниво од пред десетина годин, пишува Утрински.
Ниската светска цена на суровината влијаеше и на домашните производите, а со тоа и на вредноста на маслото на македонскиот пазар.
-Работиме според берзански цени и суровината е таа која го има одлучувачкото влијание. Иако е рано да се зборува за очекувања на подолг период, не се предвидуваат некои драматични промени – рече Ирена Брчкова, директор на производство во велешки „Благој Ѓорев“, познат како Маслодајна.
Ниту кризата во Украина, ниту поплавите во Хрватска и Србија не влијаеја на цената на рафинираното масло за јадење, таа и натаму е во надолна линија. Оваа фабрика, која е најстара во земјава со традиција од девет децении, потребите на македонскиот пазар ги задоволува од сопствено производство во мали количества, за само два месеца од годината. Ако до пред 15-ина години произведуваше масло од сончоглед за 10 месеци, сега работите се драстично променети.
-Количините кои се преработуваат од домашно производство се многу мал дел на нашите инсталирани капацитети. Затоа сме присилени да увезуваме суровина. Факт е дека приносите од домашните производители се минимални, а посеаните површини секоја година се се’ помалку – вели Брчкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



