| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастичен гол на Рафаел, Манчестер јунајтед му се одмазди на КПР (видео)

Бекот на Манчестер јунајтед, Рафаел да Силва, постигна прекрасен гол за Манчестер јунајтед против Квинс Парк Ренџерс, а „црвените ѓаволи“ му се одмаздија на противникот за ланската загубена титула. Јунајтед славеше со 2-0 нагости. Стрелци беа Рафаел во првиот дел и Рајан Гигс во финишот на натпреварот. Минатата сезона КПР загуби дома од Манчестер сити, со гол во судиското продолжение на Агуеро, со што градскиот ривал му ја „украде“ титулата на Јунајтед, во последните секунди од шампионатот. Погледнете го страшниот проектил на Рафаел, во 23. минута, за водство на лидерот Манчестер јунајтед.


szólj hozzá: QPR vs Manchester United 0:1 Rafael

 

Резултати, 27. коло: Фулам – Стоук 1-0, КПР – Манчестер јунајтед 0-2, Арсенал – Астон Вила 2-1, Норич – Евертон 2-1, Рединг – Виган 0-3, ВБА – Сандерленд 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top