
Премиер на Косово ќе биде лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, е резултатот од договорот меѓу претставниците на оваа партија, Демократскиот сојуз на Косов и Иницијативата за Косово, дознава „Танјуг“ од извори блиски на овие партии.
Според истите извори, Демократскиот сојуз на Косово ќе го добие местото претседател на Косово и претседател на Парламентот, додека лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај, ќе биде заменик-премиер.
Извори на весникот „Експрес“ наведуваат дека лидерите на опозициските партии на Косово се договориле Харадинај да биде идниот премиер на Владата на Косово.
-ДСК, АБК и Иницијативата за Косово се договорија да не влегуваат во коалиција со Демократската партија Косово, на Хашим Тачи. Иса Мустафа и Фатмир Лимај се согласиле местото премиер во идната заедничка влада да му припадне на Рамуш Харадинај – вели изворот на весникот.
Оваа влада, како што тврдат медиумите во Приштина, ќе биде поддржана и од партијата Самоопределување на Албин Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


