| четврток, 6 декември 2018 |

Ноле греши двапати, Надал освојува титули на Ролан Гарос (видео)

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ имаат огромно ривалство во тенисот, тие се двајцата играчи со најмногу меѓусебни мечеви во историјата на играта, а два моменти се специјални за шпанскиот тенисер.

Во последните две финалиња што ги играа на Ролан Гарос, Надал излезе како победник на идентичен начин, со голема помош од Ѓоковиќ. Српскиот ас ја загуби титулата и во 2012 и годинава на ист начин со двојна сервис грешка.

И во двата обиди да ја освои првата титула на францускиот гранслем, Новак загуби со по 1-3 во сетови, со две грешки на свој сервис како подарок последен поен за Надал. Шпанецот нанижа 9 трофеи на Ролан Гарос, што е рекорд во модерната ера на турнирот, а патем е и единствен тенисер на гранслемот со 5 едноподруго шампионски пехари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top