| четврток, 6 декември 2018 |

Откако не ги прифати резултатите од изборите, СДСМ не ги прифаќа и пораките од Брисел

gruevski-zaev-komisija09

Опозициоската СДСМ фати курс на неприфаќање пораки, гласови, критики… Откако не ги прифати резултатите од изборите, левицата на чело со Зоран Заев не ги прифаќа и пораките од Брисел. Заев и Радмила Шекеринска отидоа на средба со еврокомесарот Штефан Филе, кој ги советуваше да се вратат во парламентот.

Но, и покрај повикот, опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за неопходните реформи во земјата, Шекеринска посочи дека тоа нема да се случи. Таа за време на гостувањето нагласи дека, и покрај критиките од ЕУ, опозицијата нема да ја наведне главата пред власта за да се врати во Собранието. Таа обвини дека токму власта е одговорна за забелешките кои доаѓаат од Брисел за, како што вели, апсолутна контрола врз медиумите и немањето одвоеност на државните од партиските активности.

– Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работа на Парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата – се наведува во соопштението на Европската комисија.

СДСМ не ги прифаќа критиките и препораките од Брисел. Иако им беше посочено дека со враќањето во собраниската сала ќе придонесат за неопходните реформи во земјата, дека е потребно демократски да партиципираат во процесите тие остануваат на својот став. Не го прифаќаат основното барање истакнато на средбата на Заев и Шекеринска со Филе.

И експертите со критика за, како што велат, инаетењето и неразумното однесување на СДСМ.

– СДСМ избра да биде улична, кафеанска партија – вели Боцевски додавајќи дека имале и смешно налудничаво соопштение за формирање на техничка влада, појаснувајќи што значи тоа со што тоа е само пуст лажен сон од Бихаќка – коментира Боцевски.

Аналитичарите велат дека со неразумното однесување покажуваат дека или раководството на СДСМ својата непопусливост ја должи на фактот што некому се должници и на овој начин одработуваат со влечењето на неразумни и контрапродуктивни потези кои се штетни како за државата така и за самата партија или дека имаат дебела финансиска причина. Ова била дилемата и на самото членство на партијата која реагирала на ваквата политика на СДСМ која ги води во политички амбис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top