| четврток, 6 декември 2018 |

Заев го соопшти пакетот предлози

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев го објави целосниот предлог со кој бара од власта пролонгирање датумот на одржување на локалните избори. Заев вели дека СДСМ го прифаќа предлогот на претседателот Иванов кој веќе е прифатен од ВМРО ДПМНЕ и предлага конституирање на експертската комисија пред почетокот на кампањата – за што биле потребни неколку денови.

Еве ги деталите од неговиот предлог:

1. Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски, заедно да го донесеме изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ И ОДХР и да испратиме позитивна порака до меѓународната зедница – и за ова требаат неколку денови.

2.  Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски заедно да го дефинираме зголемениот и зајакнат мониторинг на локалните избори – и за тоа требаат неколку денови. Притоа го преформулираме последниот наш став и предлог.

3. Заради прифаќање и реализација на предлозите на Претседателот на државата и Премиерот потребни се минимум 14 дена кој истовремено ќе бидат доволни за подготовки на опозицијата за учество на локалните избори.

4. Доколку коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добие подршка од граѓаните со 1 глас повеќе на советничките листи од коалицијата предводена од СДСМ – предвремени избори нема. (овде нема никаков ултиматум)

– Ова го предлагаме пред донесување на одлуките за следните чекори на опозицијата зад која стојат 439.000 гласови. Доколку генерално е прифатливо, а сепак постојат одредени дилеми за детали околу овој предлог, прифаќаме или предлагаме лидерска средба на која ќе присуствуват и двете најголеми албански политички партии. Овој предлог пакет е потврда за нашата силна решеност и желба за добрата иднина на државата, политички дијалог и Евроатлантски перспективи на Македонија, вели Заев во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top