Украинската војска продолжува со артилериско гранатирање на градот Славјанск, соопшти портпаролката на прорускиот градоначалник, Стела Хорошева.
– Неколку гранати експлодираа во центарот на градот – истакна Хорошева додавајќи дека бомбардирањето е „помалку интензивно“ отколку претходните ден и ноќ.
Борци на проруската сепаратистичка „народна милиција“ денеска во близина на Славјанск уништиле најмалку еден повеќелансирен ракетен систем (МЛРС), а локалното население се обидело да го напушти градот.
– Градот најмногу е бомбардиран во периодот од девет до 13 часот кога луѓето или се обидувале да заминат со автобуси или биле евакуирани со помош на волонтери – изјави Хорошева, нагласувајќи дека украинската војска им овозможила на жените и на децата да ја напуштат зоната на воени дејствија.
Таа во врска со медиумските тврдења дека украински војници донеле контејнери со хемиско оружје на аеродромот во градот Краматорск, на 10 километри од Славјанск, кој е под контрола на украинската Национална гарда, истакна дека одамна знаат за тоа хемиско оружје.
– Одамна имаме слушнато за хемиското оружје. Нас не не изненадуваат какви било акции од Киев – потенцира Хорошева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.