| четврток, 6 декември 2018 |

Времето ќе се стабилизира, температурата до 34 степени

sonce1

Атмосферата значително ќе се стабилизира во вторник, па затоа во текот на денот ќе преовладува сончево време. Мало зголемување на облачноста ќе има попладне, а сосема минимална веројатност за слабо проврнување ќе има во околината на шарпланинскиот регион. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец.

Според „Метеопро“, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност околу 28°С во котлините во западниот регион, и околу 30°С во котлините од источниот крај. Југот на Повардарието очекува максимална температура до 34°С.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Скопскиот регион очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб северен ветер. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 32°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top