Марко Јариќ и врати со контратужба на Адриана Лима. Имено, манекенката која неодамна поднесе барање за развод, деновиве на врата добила покана за на суд, во која пишувало дека кошаркарот бара од неа отштета од 30 милиони евра.
-Кога Марко се врати од Белград во Америка, помина неколку дена заедно со Лима и нивните две ќерки, притоа обидувајќи се да ги смири работите со неа. Сепак, наместо да се смират, тие уште толку ја влошиле ситуацијата, па Марко револтиран од односот на Адриана реши да ја тужи и да бара од неа отштета поради тоа што тој ја прекина кариерата за да и се посвети на неа”, открил близок пријател на кошаркарот и додал дека во повеќе наврати Јариќ ја нарекол Лима “курва”, притоа порачувајќи и дека дебело ќе и наплати за се што му направила.
Лима и Јариќ беа во брак пет години, а имаат и две ќерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.