| четврток, 6 декември 2018 |

Летово, уживајте во фудбалот и играјте ТОП5

„Лотарија на Македонија“ извести дека со почетокот на Светското првенство во фудбал, како и почетокот на летната сезона играта на среќа БИНГО БУМ ќе има времен прекин. Со тоа, вечерашното коло е последното кое ќе се реализира во оваа сезона. Продолжувањето на приредување на играта на среќа БИНГО БУМ ќе биде дополнително најавено со почеток на сезоната есен/зима 2014.

Емисијата Време за среќа ќе продолжи да се емитува на МРТ1 во истото време но во скратена верзија во која ќе се емитува извлекувањето на добитните бројчиња од играта на среќа ТОП5. Играта ТОП5 е за сите љубители на играта лото, кои покрај во играта Новолото 7/34 каде се игра за 7ка, може да ги вклучат своите среќни бројки и да играат за 5ка.

Премијата се добива доколку од 35 бројки се погодат добитните 5. Уплатата е на сите продажни места низ Република Македонија, со знакот СРЕЌНО МЕСТО. Добивката за 5тка изнесува над 500.000 денари, а фондот постојано расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top