| четврток, 6 декември 2018 |

Пет студенти се удавија во Индија, по 24 други се трага

На северот од Индија, во државата Химачи Прадеш, биле пронајдени телата на пет лица, а по 24 други се трага откако ненадеен бран ги повлекол во водите на реката Беас, предизвикан од испуштање на вода од акомулационото езеро без претходно предупредување, соопштуваат странските медиуми.

indija studenti

Студентите во неделата вечерта се фотографирале на брегот на реката кога биле погодени од огромен „ѕид” од вода кој ги повлекол со себе.

Рано утрото во понеделникот биле пронајдени пет тела во реката, а спасувачките екипи продолжиле да пребаруваат по должината на нејзиното корито со цел д ги најдат и останатите 24 лица, истакнал високиот државен функционер, Панкаџ Раи, пренесува АФП.

Студентите од јужниот град Хајдерабад биле повлечени од налет на вода која била испуштена од хидроцентралата Ларџи во близина на планинското одморалиште Манали.

Во понеделникот кон местото на несреќата се упатиле полициски службеници од неодамна прогласената најмлада индиска сојузна држава државата Телангана, во која се наоѓа Хајдерабад, како и родителите на настраданите студенти.

Главниот министер на оваа држава, Вирбхадра Синг, побарал инженерот на браната веднаш да биде суспендиран, додека се истражува несреќата, пренесува АП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top