| четврток, 6 декември 2018 |

Еврогол на Ристовски за Латина (видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со еврогол ја спаси Латина од пораз против Бари во првиот дел од бараж-двомечот за влез во првата италијанска лига.

Ристовски во судиското продолжение упати вистинска бомба од работ на шеснаесетникот што заврши во мрежата на Гварна, а дуелот заврши нерешено 2-2. Во реваншот Латина ќе ја има предноста на домашен терен.

Победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од пресметките меѓу Модена и Чезена за пласман во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top