Жолти облаци вчеравечер ги вознемирија белграѓани. Необичната појава на небото над главниот град на Србија се обидоа да ја објаснат од Хидрометеоролошкиот завод на Србија, од каде што соопштија дека облаците, всушност, се црни, но поради отсјајот на Сонцето добиваат жолта боја.
Сепак, граѓаните на социјалните мрежи не ги земаат за сериозни објаснувањата на стручњаците тврдејќи дека таква глетка досега не била регистрирана во Србија иако имало илјадници слични случаи кога времето било облачно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






