
Со освоени 33,1 процент од гласовите на избирачите Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи победи на предвремените парламентарни избори. Според првичните резултати со три отсто помалку гласови е пласиран Демократскиот сојуз на Косово.
Останатите партии освоија под десет проценти од гласовите на избирачите. Излезноста на изборите изнесува околу 43 проценти. Изборите поминаа во мирна атмосфера, а акцентот на партиите во кампањата беше ставен на економските програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


