
Загина поранешниот бразилски фудбалски напаѓач, Фернандао. Фудбалерот ој настапуваше за Олимпик Марсеј и стана светски клубски првак со Интернасионал од Порто Алегре, загина на 36 годишна возраст во хеликоптерска несреќа.
Лусио Фернандо да Коста (Фернандао) е една од петте жртви во хеликоптерот. Причините за несреќата не се познати. Во периодот помеѓу 2001 и 2004 година, Фернандао настапуваше за Олимпик Марсеј, пред да биде позајмен на Тулуз, па кариерата ја заврши со блесок во родниот град Порто Алегре.
Фернандао од пред шест месеци ја почна тренерската кариера, а требаше да коментира за бразилската СПОРТ ТВ за време на Мундијалот. Хеликоптерот се урнал во ноќта меѓу петокот и саботата во близина на Гојас во централниот дел на Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


