
Споменик на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу денеска беше поставен во скопската наслеба Карпош, во Козле. Споменикот, соопшти општина Карпош, е поставен во непосредна близина на местото на неговото погубување кое се случи на 25 февруари 1944 од страна на бугарски војник. Споменикот, кој со сопствени средства го градеше општина Карпош, е висок 3,5 метри.
Автор на споменикот, кој е излеан во бронза е академскиот скулптор Сашо Поповски. Свеченото откривање ќе биде на 25 февруари, на денот на неговото загинување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


