Рафаел Надал се запиша во легендита на Ролан Гарос, со деветтата рекордна титула во 123-годишната историја на гранслем турнирот во Париз, по денешната победа во финалето против Новак Ѓоковиќ.
Надал е тенисерот со најмногу титули на ценетиот турнир во модерното доба, а сега по овој триумф ги има 9, а патем стана единствениот човек што на Ролан Гарос има 5 титули едноподруго.
Во финалето Надал имаше и негатива од еден сет, првиот што го доби Ѓоковиќ со 6-3, но потоа шпанската фурија направи пресврт и ги доби следните 3 сета со 7-5, 6-2 и 6-4.
Ѓоковиќ ќе чека нова шанса за прв трофеј на Ролан Гарос, единствен што му недостасува во гранслем колекцијата. Кај дамите вчера Марија Шарапова ја освои втората круна на турнирот во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.