| четврток, 6 декември 2018 |

Мртовец паднал од погребално возило

Вистинска драма се случила претпладнево во Скопје, во населбата Кисела Вода. На погребално возило кое пренесувало мртовец и се движело во правецот на семафорите на улицата „Народни херои“ кон главната улица „Првомајска“ додека возело, му паднал мртовецот од возилото, пишува весникот „Вечер“.
Околу 11 часот на погребалното возило кое пренесувало мртовец во еден момент му се отворила вратата и на алфалтот со креветна количка паднал мртовецот. Возачот на возилото веднаш истрчал и го вратил мртовецот во погребалната кола.  Ова се случувло додека возилото минувало кај спортската сала „Расадник“, спроти основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.
фото: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top