Актерот Тони Михајловски реши повторно да се посвети на театарската глума. Тој се враќа во МНТ, но не како позејмен актер. Михајловски повторно е вработен во овој театар. Тоа го потврди и самиот актер, кој на својот Фејсбук профил објави дека е вработен во Македонскиот народен театар.
Михајловски на сцената се појави во претставата Изгубените Германци, која ја имаше својата премиера пред неполн месец. Сега веќе тој не е ангажиран како надворешен актер, туку е дел од ансамблот.
Михајловски и порано беше вработен во МНТ. Неодамна на својот профил напиша:
-Јас мојот штрајк против СДСМ го почнав 1997 година (кога беа на власт) така што им дадов отказ. Имав дупло помала плата од чуварот во театарот. Доволно голема причина за мене. Штрајкувам сам 16 години.
Сега Тони доби работа. Па наместо „барам работа, ама министерката не ми дава“, на неговиот профил стои „вработен во МНТ„. Тони се врати онаму каде што припаѓа, на големо задоволство на театарската публика.
Неофицијално, освен Михајловски, дел од тимот на МНТ сега е и актерката Камка Тоциновски. Во МНТ се зголемува бројот на вработени актери и технички персонал, непосредно пред селењето во новата зграда на Стариот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.