Славните актери Антонио Бандерас и Мелани Грифит одлучиле да поднесат документи за развод после 18 години брак.
Како што пренесуваат американските медиуми, тие двајца одлучиле разводот да биде разумен, па ќе имаат заедничко старателство над нивните деца, а Мелани ќе добива и алиментација.
Што се однесува до поделбата на заедничкиот имот, тоа веројатно ќе потрае малку подолго, со оглед на фактот што Бандерас и Грифит поседуваат бројни некретнини во Шпанија и Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



