Марија Шарапова повторно се искачи на тронот во Париз на Ролан Гарос и по вторпат е кралица на ценетиот гранслем турнир по победата во финалето против Симона Халеп со 2-1 во сетови.
За руската тенисерка ова е петта круна на гранслем турнирите, а ги има комплетирано сите титули од четирите најценети светски настани.
До триумфот против Халеп кој е дебитантката во финалињата на гранслем турнирите, Марија стаса тешко по неизвесна битка што траеше над 3 часа. Фаворитката го доби првиот сет со 6-4 и беше на два поени до победа со 2-0, но во тај-брејкот прокоцка предност од 5-3 во поени, па Романката со серија од 4-0, израмни на 1-1 во сетови.
Клучниот момент во третиот сет беше брејкот на Шарапова за предност од 5-4, а потоа искуството дојде до израз, па старо-новата шампионка на Ролан Гарос сервираше беспрекорно и лесно го заврши мечот за блескав триумф во Париз.
Утре во машкото финале Рафаел Надал ќе игра со Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


