| четврток, 6 декември 2018 |

Почна „Баскерфест“ – улични перформанси во 21 општина

baskerfest01982-4

Со настап на групата Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, Србија, синоќа во Скопје, на платото пред споменикот на Методија Андонов Ченто, почна десетдневниот Фестивал на уличен театар „Баскерфест 2014“.
Град Скопје девети пат е покровител на манифестацијата која официјално ја отвори градоначалникот Коце Трајановски.
– Развојот на современиот туризам не може да се замисли без присуството на поливалентните вредности на културата, бидејќи туризмот е синтеза на културата, манифестирана преку сите свои облици и културни вредности. Стремејќи се визуелно да ја дефинира културната мисија за оплеменување на срцето на Скопје, Градот неколку години наназад организира настани и манифестации – истакна Трајановски.
Според него, артистите-баскери со своите возбудливи акробатски, пиротехнички, жонглерски, музички и театарски изведби, ги отвораат портите на Скопје за домашната и меѓународната публика.
– Верувам дека во овие десеттина дена заеднички ќе уживаме во спектакуларните изведби на уличните атристи, претварјќи го нашиот главен град во театар на отворено и со зголемен адреналин ќе го почувствуваме шармот на Скопје – нагласи градоначалникот.
Алруби е асоцијација на уметници и настани за промоција на културата и перформансите, нов циркус и идеја да се создаде и започне нов уметнички проект преку соработка на разни институции. Повеќе од 10 години уметничкиот тим на Алруби се занимава со концептот на градење, промоција, заштита и создавање на културни трендови, улични перформанси и уметности. Главното седиште на организацијата е во Нови Сад, но нивните настапи се одвиваат во светски рамки. Неофицијално групата се состои од над 50 различни уметници од Србија и странство, покривајќи широк спектар различни уметнички форми.
Деветтото издание на уличниот театар под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи низ цела Македонија, во 21 општина. Прв град кој беше домаќин на Баскер караванот со има над 150 улични артисти, музичари и театри, беше Гевгелија. Скопје ќе биде домаќин на
„Баскерфест 2014“ од 6 до 15 јуни, а покрај на плоштадот „Македонија“ на кој има три бини, две за настап на уличните артисти и една музичка, програмата ќе се одвива и на уште две локации, „Пивница Стар град“ во Старата скопска чаршија, и „Градска плажа парк“ на кејот позади Градскиот парк.
Турнејата ќе трае до 30 јуни кога во Охрид, Дојран и Битола официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Покрај овие градови, Македонците ќе уживаат во уличните претстави и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/ Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино (18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни).
„Баскерфест“ е интернационален, мултикултурен, уличен фестивал во кој ќе учествуваат и ќе не забавуваат над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија преку Нигерија, па се до Канада. На 15 јуни во Скопје ќе заврши со настапите на MJ
Resurrection, Sardinia Klan и US Break Dancers.

Град Скопје за одржување на фестивалот и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top