| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица загинаа, 14 повредени во термоелектрана во Косово

косово

Резервоар со водорорд експлодираше вчера во втората по големина термоелектрана во Косово, при што две лица го загубија животот, а 14 се повредени, соопшти Едмонд Нулеши од Косовската енергетска корпорација (КЕК).
– Пронајдовме две тела – изјави Нулеши, а локалната телевизија прикажа снимка од војници како ги спасуваат работниците кои останаа заробени во зградата повеќе од пет часа.
Термоелектраната во Обилиќ, која е стара повеќе од 40 години, затворена е после експлозијата која се слушнала и во Приштина, на 10 километри оддалеченост.
Арбен Дјук, директорот на КЕК, изјави дека спасувачите го извлекле телото и на втората жртва по експлозијата во единицата за електролиза во Термоцентралата Косово А, додека едно лице е пронајдено живо.
Претходно беше соопштено дека во експлозијата починале четири лица.
Во Клиничкиот универзитетски центар во приштина биле доведени 14 повредени, од кои 12 се пуштени на домашно лекување по пружената медицинска помош, додека две лица и натаму се под лекарски надзор. Покрената е истрага за инцидентот.
По вчерашната несреќа се огласи и синдикатот на КЕК, па претседателот на оваа организација Изет Мустафа обвини дека и оваа трагедија е последица на тешките услови за работа.
– Условите во кои работиме се многу тешки. Опасноста е перманентно присутна во објектите на КЕК. Несреќи имало и порано. За жал, поради тешките услови за работа во последните петнаесетина години животот го загубија повеќе од триесет работници. Ова го потврдува нивото на опасност – изјави Мустафа за телевизијата Клан Косова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top