| четврток, 6 декември 2018 |

Eксплозија во термоелектрана кај Приштина, четворица загинати

Kosovo thermal plant blast kills four
Најмалку четири лица загинаа, а 13 се повредени во силната експлозија која се случи во термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, во близина на Приштина. Повредените итно се пренесени во болницата во Приштина. Според медиумите на Косово, до експлозијата, која била почувствувана и во Приштина, дошло во производствениот дел на термоелектраната, а причина за несреќата најверојатно е истекување на водород. Поради нови истекувања на водород постојат стравувања дека е можна и втора експлозија и веќе се преземаат мерки за нејзино спречување. Полицијата го блокираше пристапот до термоелектраната за сите освен за спасувачките екипи и за брзата помош. Инаку по несреќата жители на Обилиќ пријавиле големи оштетување на нивните куќи кои се наоѓаат во близина на термоцентралата. Косовскиот премиер Хашим Тачи апелираше да не се создава паника.

– Опасноста се уште не поминала, но опасната зона е изолирана. Сите специјални тимови се подготвени, работниците се евакуирани, бидејќи опасноста се уште трае, рече Тачи.
Kosovo thermal plant blast kills four

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top