Ново продолжение на тенискиот блокбасатер и легендарните дуели меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе има на Ролан Гарос и тоа во финалето во битка за титулата. Надал лесно го победи Енди Мареј со 3-0 во сетови и му закажа нов меч за титула на гренслемовите на Ѓоковиќ. Популарниот Ноле со 3-1 го елиминира Ернест Гулбис и ќе го игра 13. гранслем финале, на теренот што е вистинска неосвоена тврдина на Надал.
Двајцата ривали во финалето на Ролан Гарос имаат вкупно 41 меѓусебен дуел, ги очекува 42. меч, што е рекорд на двајца тенисери во историјата на играта. Никој не играл пред нив толку меѓусебни мечеви, а Надал моментно води со 22-19.
Рафа има 8 титули на земјените терени на Ролан Гарос, а ако уште еднаш го крене пехарот ќе биде вистинска жива легенда во Париз со рекордни 9 трофеи и единствен тенисер во 123-годишната историја на турнирот со 5 едноподруго шампионски круни. Новак во колекцијата со трофеи од гранслемовите го нема само пехарот од Ролан Гарос. Финалето е во недела, а утре кај дамите за титулата ќе играат Марија Шарапова и Симона Халеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


