| четврток, 6 декември 2018 |

Го претепала сопругот со хебла, па го убила со нож

heblaaa
58-годишниот Божидар Пахла почина како резултат на повредите кои му ги нанела сопругата Снежана (52) вчера наутро во Стар Костолац.

Таа напрво сопругот неколкупати го удрила со хебла, а потоа животот му го одзела со два убоди со нож во стомакот.

Сестрата на осомничената за српски Курир изјави дека мотив за убиството е тортурата која Божидар на вршел врз сопругата, која со години живеела несреќно покрај него.

-Постојано ја тепаше. Немаше ден да не ми се јави молејќи ме да викнам полиција. Ми велеше дека откако ќе ја претепал, со нејзината глава удирал во ѕид и под.Таа постојано имаше модрици по цело тело, истакна сестрата на Снежана.

Жртвата и неговата сопруга имаат три деца и три внуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top