| четврток, 6 декември 2018 |

Халеп како тенк, без загубен сет до финале на Ролан Гарос

Симона Халеп ја крена Романија на нозе со импресивни игри на Ролан Гарос, а 22-годишната девојка од Констанца во саботното финале ќе ја предизвика поранешната шампионка во Париз, Марија Шарапова во битка за  вредниот трофеј.

Халеп попладнево ја победи Андреа Петковиќ со 6-2, 7-6 и за првпат ќе игра сениорско финале на гранслем турнир. Романката има титула на Ролан Гарос, но како јуниорка, а сега е пред огромна шанса за титула на гранслем како сениорка.

Фаворит сепак е Шарапова која е поискусна и потрофејна, со сите круни од четирите гранслема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top