| четврток, 6 декември 2018 |

Трето финале на Ролан Гарос за Шарапова

Марија Шарапова ќе го игра третото финале на Ролан Гарос, а ќе се обиде да ја освои втората шампионска круна, по триумфот против Еужени Бушар. Во пресметката на двете убавици од Русија и Канада, популарната Маша беше поуспешна и славеше со пресврт со 4-6, 7-5, 6-2.

Противничка во финалето во битката за трофејот на еден од најценетите светски турнири на Шарапова ќе и биде подобрата од второто полуфинале меѓу Андреа Петковиќ и Симона Халеп.

Шарапова слабо го почна полуфиналето со новата тениска ѕвезда Бушар и го загуби првиот сет. Проблем како и обично и беа двојните сервис грешки, ги направи вкупно 9, но борец како Шарапова не се предава и повторно по третпат успеа да направи комплетен пресврт. Бушар пружи силен отпор во првото гранслем полуфинале и покажа дека во иднина на неа мора да се смета.

Шарапова е единствената од полуфиналистките што славела на гранслем турнири, а ги има комплетирано сите трофеи од четирите највредни тениски турнири, Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top